Најсилниот земјотрес во последните 30 години: Албанската водителка успеа да остане смирена сѐ до прекинот на програмата...

Точка

23/09/2019

21:56

11.277

Големина на фонт

а а а

Шокираната водителка на албанската телевизија "Ora News Lajme" не очекуваше дека за време на читањето вести во живо ќе го почувствува најсилниот земјотрес во последните три децении во соседна Албанија.

Иако јасно беше дека се исплаши со оглед на тоа што потресот беше прилично силен, водтелката остана професионална до крајот, остана смирена и продолжи да си ја врши својата работа сѐ додека не дојде до прекин на програмата.

Соседна Албанија вчера ја погодија серија на земјотреси од кои првиот и најсилен беше со магнитуда од 5,8 степени по Рихтер. Трите следни земјотреси беа магнитуда од 5,1, па 4,7 и 4,8 степени, а потресите се почувствуваа и во Македонија.

Повеќе од 100-тина граѓани се повредени кои воглавно ги претрпеле повредите додека панично бегале од своите домови. Како што пренесуваат албанските медиуми, повредено е и 9-годишно дете, а 21 лице било задржано на болничко лекување поради тежината на повредите.

Во подрачјето на Тирана, 48 куќи и три стамбени згради биле оштетени, додека во Драч оштетени биле 42 објекти. Бројни автомобили се уништени отако циглите од зградите се срушиле врз нив.


Покрај во Македонија, потресите се почувствуваа и во Црна Гора, како и во јужните делови на Хрватска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг