Емотивни сцени во Кичево: Со турирање на автомобилите се збогуваа со тркачот Александар

Точка

23/09/2019

10:45

4.703

Големина на фонт

а а а

Една од последните трки во авто-мото шампионатот на Македонија која се одржуваше во Кичево остана во сенка после големата трагедија во која загина возачот Александар Кочевски.

58-годишниот Кочевски за време на саботните квалификации додека се тркаше доживеа срцев удар и почина, по што беше откажан Renault Twingo Cup.

На стартот сите возачи се собраа со едноминутно молчење и турирање на своите автомобили кои имаа црни ленти, се збогуваа со својот колега Александар.

Инаку, ова беше трета трка од календарот на кружните патеки која во иднина ќе го носи токму името на починатиот автомобилист.



Спонзорирани линкови

Маркетинг