“Мојот син носи фустани и ќе ги носи колку што ќе посака”: Меган Фокс го поддржува синот во изборот на облека

Кармин

23/09/2019

09:59

4.536

Големина на фонт

а а а

Актерката Меган Фокс има три сина со сопругот Брајан Остин Грин, а нејзиниот најстар син Ноа од неодамна одлучил да ја следи модата и да носи фустани. Неговата мајка отворено вели дека тоа не ѝ смета и дека е полна со поддршка.

Фокс пред неколку дена се појавила во емисијата “The Talk” каде зборувала за својот син и фактот дека тој се заљубил во модата. На училиште носи што ќе посака, а тоа многу често се фустани. Детето не се откажува од љубовта кон модата и покрај негативните реакции од неговите соученици. 


“Честопати се облекува сам, сака фустани. Посетува многу либерално училиште, но дури и таму има прилика да слушне осуди. Другите деца го напаѓаат и му велат дека момчињата не носат фустани и розова боја. Сепак, ние се трудиме да му влееме самодоверба и да го охрабриме да носи што сака, без оглед на реакциите од околината”, изјавила актерката.

Таа опишала случка во која Ноа еден ден дошол дома откако носел фустан на училиште и на прашањето како поминал, тој одговорил дека децата му се смееле, но тоа не го интересира бидејќи се чувствува добро во таа облека.


“Тој дизајнира и црта модни комбинации, многу е талентиран. Но сепак, сè уште има само 6 години и неговите идеи се понекогаш многу детски. Многу луѓе го коментираат фактот дека тој носи фустани. Нивното мислење не ме интересира – мојот син ќе носи што и да посака”, одлучно одговорила Меган, додавајќи дека малиот Ноа никому не штети со носењето фустани, па затоа ќе ги носи колку што ќе посака.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk