Надал има повреден зглоб, нема да игра во двојки со Федерер

Макфакс

22/09/2019

14:55

2.159

Големина на фонт

а а а

Рафаел Надал се повлече од своите мечеви на Лејвер купот во Швајцарија откако доби повреда на зглобот, потврдија од турнирот.

„По консултациите со докторот на натпреварувањето, Рафаел Надал се повлече од денешните мечеви поради повреда на зглобот“, се вели во соопштението на Лејвер купот.

Надал, кој ја освои четвртата титула од САД опен овој месец, требаше да игра во сингл против Ник Кирјос и заедно со Роџер Федерер во двојки. Наместо него, Стефанос Циципас ќе игра покрај Федерер, додека Доминик Тим ќе ја преземе одговорноста во сингл-мечот.

Ова е лоша вест за Европа, кои вчера загубија два меча, но сепак водат со 7:5 против Остатокот од светот.

„Фантастично е да се игра на Лејвер купот и разочаран сум што нема да можам да играм денеска. Но, имам воспаление на зглобот и морам да се одморам. Атмосферата во Женева е фантастична и ќе бидам тука за сите мои соиграчи“, вели Надал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг