Доколку ги пребарувате ликовите од “Пријатели“ на интернет на екранот ќе ви се случи нешто интересно

Точка

21/09/2019

15:15

2.993

Големина на фонт

а а а

На 22-ри септември 2019-та година ќе бидат точно 25 години откако беше емитувана првата епизода на „Пријатели“, а Гугл по тој повод приредил мало изненадување за сите фанови на сериајта.

Сè што мора да направите за да го пронајдете тоа изненадување е да пребарате некој од ликовите на култната серија. Доколку на пример го пребарувате името Рос Гелер, на страницата ќе видите мала икона од кревет, а доколку кликнете на таа икона ќе слушнете: „Pivot, pivot“, звукот од сцената со преселувањето и креветот, а страницата ќе почне да се движи.


Доколку кликнете повеќе пати, ќе слушнете: „Okay, I don't think it's going to pivot anymore“, а креветот ќе се преполови.

Рејчел ја симболизира нејзината фризура, Чендлер фотелјата со поткрепа за нозе од која ќе излезат патика и пиле, а Џои храната, односно парчиња пица, Моника бидејќи беше опседната со чистење покрај неа се појавува икона со канта со вода и четка за чистење.




Спонзорирани линкови

Маркетинг