Странец прашал: „Зошто Хрватска изгледа толку чудно“, па добил интересни одговори

Точка

20/09/2019

17:23

6.728

Големина на фонт

а а а

На еден корисник на „Quore“ му паднала во очи Хрватска, па на оваа платформа побарал објаснување и прашал: „Зошто Хрватска изгледа толку чудно?“

Добил седум одогвори, меѓу кои имало корисници од Хрватска, но и странци кои се обиделе да му објаснат зошто границите на Хрватска се такви какви што се. Лекција од историјата не недостасувала.


„Денешниот облик на Хрватска всушност е совршена медијација на историјата на целиот регион“, му објаснил еден корисник од Хрватска и ги објаснил настаните кои се случувале на тие простори уште од времето на Османлиското Царство, па до денес.

Друг корисник, Џек Робинзон, кој се претставил како човек кој патувал низ цела Хратска и објаснил дека студира хрватски - објаснил и дека обликот на Хрватска потсетува на змеј, односно лилјак. „На тоа ми укажа еден пријател токму од Хрватска“, додал Џек.

Крис Спенцер одговорил дека границите на Хрватска се последица од „комунистичката реорганизација на Југославија“.


„Таа поделба во основа беше етничка - но со неколку отфрлени малцински подрачја, така што во било кој дел би било тешко да се развие идентитет врз основа на кој би барале независност. Кога Југославија конечно се распадна, тоа предизвика многу конфликти - во Хрватска имаше премногу Срби, а во Босна и Херцеговина премногу Хрвати“, напишал Спенцер. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг