Планетарно популарната ѕвезда и пејачка, Џенифер Лопез, неодамна сними уште еден филм, а на публиката ѝ се претстави со улогата „Hustlers“, која е стриптизерка и е задолжена за ноќниот клуб.
После премиерата на филмот, многумина не можеле да поверуваат дека пејачката има 50 години со оглед на тоа дека е во совршена форма и дека изведе перфектен танц околу шипката, поради улогата.
На Јутјуб каналот на оваа славна пејачка, актерка и танчерка, објавена е снимка која во 13 минути покажува како Џенифер се подготвувала за улогата, а бројните модринки на нејзините нозе сведочат за тоа дека не ѝ било нималку лесно.