Уникат на пазарот: Mazda развива RX-9?

Точка

20/09/2019

13:15

2.421

Големина на фонт

а а а

Според гласините кои што доаѓаат од Јапонија, Mazda наводно се подготвува за лансирање на наследник на легендарните RX-7 и RX-8.

Наводно, јапонскиот автомобилски гигант веќе работи на развојот на RX-9. Овој автомобил ќе биде „изграден“ на платформа специјално дизајнирана само за тој модел.

Покрај тоа, наводно од јапонската компанија немаат намера да се откажат од својата традиција, што значи дека RX-9 под хаубата ќе им ротационен мотор, баш како што му доликува на еден вистински спортски автомобил од погонот на Mazda.


Во прилог на тоа оди и фактот што овој производител минатата година патентираше нов турбо полнач кој што е специјално развиен за употреба кај ротационите мотори.

Новиот RX-9 така би бил целосно уникатен спортски модел на автомобилската сцена. Враќањето на ротациониот мотор би донело голем публицитет, а веруваме и одлична продажба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг