Има 70 години, а изгледа како девојка: Норма ја открива тајната на младешкиот изглед

Точка

19/09/2019

18:05

6.050

Големина на фонт

а а а

Трендот на вечната младост зема сè поголем замав. Жените станаа опседнати со годините, стареењето и задржување на младешкиот изглед и сè повеќе дами на социјалните мрежи покажуваат како им пркосат на годините.

Една од нив е и Норма Вилијамс која вели дека стареењето е само состојба на умот. Таа има 70 години, но тоа не се гледа на нејзиното лице и тело бидејќи Вилијамс изгледа како девојка. 

Норма не само што изгледа младо, туку така и се однесува. Еден ден, таа одлучила да го напушти дождливиот Лондон и да го продолжи својот живот во сончевата и радосна Италија. Таа вели дека оттогаш се чувствува многу подобро и дека некогаш има впечаток како да има 20, а не 70 години.

Но, како Норма успеала да им се спротивстави на годините? Тајната е во здравата исхрана и физичката активност.

Почнала да тренира кога имала 20 години и оттогаш се труди секојдневно да пешачи и да обезбеди урамнотежена исхрана. Нејзиниот појадок се сочинува од две капучина и малку леб, банана или портокал или некое друго сезонско овошје.

За вечера, Норма јаде зеленчук со протеини: морков, брокула, грав, печурки со соја сос, маслиново масло, семиња, боровница или чипс од јаткасти плодови. Нејзиното омилено јадење се шпагети со маслиново масло кое го додава во секоја храна.

Помеѓу оброкот често консумира црно чоколадо, салата со грчки јогурт, мед и ореви.



Спонзорирани линкови

Маркетинг