Како ќе изгледа новиот Hyundai Tucson?

Точка

19/09/2019

14:11

2.580

Големина на фонт

а а а

Новиот Tucson не би требало да се појави барем уште една година, но на интернет веќе кружат неофицијални рендери од новата генерација.

Актуелната генерација на компактниот џип на Hyundai дебитираше во 2015-та година, а како што животниот век на овој модел се скратува, корејскиот производител веќе на големо работи на новата генерација на Tucson.

Примероците кои се тестираат и натаму се добро сокриени од очите на јавноста, но благодарение на трудот на дизајнерите и достапните информации за новата генерација на Tucson, веќе се појавија првите рендери.


Секако, ова не значи дека новиот Tucson ќе изгледа баш како на фотографиите, но треба да се напомене дека рендерите се направени врз основа на шпионските фотографии на маскираниот претпродукциски модел кои се снимени за време на првичните тестирања.

На нив е прикажан модернизираниот дизајн на новиот Tucson на чија што предна страна доминира големата маска на која се надоврзуваат тесните фарови.


Задниот дел од „новиот“ Tucson е прикажан во поконвенционален дизајн, сличен на тој кој ја краси актуелната генерација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг