Поднесено е обвинение против Ангела: Еве како бил убиен Пино Секондо

Точка

19/09/2019

12:09

13.300

Големина на фонт

а а а

Скопското обвинителство до Кривичниот суд поднесе обвинение за Ангела Ѓ. која е соизвршител на убиството на Секондо, така што го намамила до местото на злосторството.

Според Кривичниот законик, доколку се докаже дека е виновна, на Ангела Ѓ. и се заканува казна затвор од најмногу пет години. Во меѓувреме, од обвинителството побараа и продолжување на притворот за Ангела затоа што е проценето дека постои можност за бегство како првообвинетиот Али Ф.

Од Основното јавно обвинителство денес соопштија дека надлежен јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 (соизвршителство) од Кривичниот законик.

„На 11.12.2018 година, обвинетата го повикала оштетениот, сега починатиот Пинета Секондо Пино, и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе бил пристигнат и другиот осомничен со возило Опел Аскона, носејќи со себе огнено оружје – пушка. Тој го оставил неговото возило на насипот и седнал да управува со автомобилот Шкода со кое до насипот дошол оштетениот. На совозачкото место седнала обвинетата, додека оштетениот седнал на задното седиште.

Тројцата се упатиле по обиколница кон атарот на селото Арачиново и во една нива започнале најпрвин вербална расправија, а потоа и тепачка. Во еден момент осомничениот со пушката го застрелал во главата оштетениот Пинета Секондо.


Притоа, обвинетата дала особен придонес кон извршување на делото, така што овозможила да се сретнат, иако знаела за нивната меѓусебна нетрпеливост. Таа го повикала оштетениот, била присутна во моментот на неговото лишување од живот, а потоа заедно со другиот осомничен го ставиле телото на починатиот во багажникот на возилото. Заедно тие се упатиле кон гробиштата во селото Сингелиќ, а потоа се движеле низ планината кон Љуботен. На едно место здогледале дупка, па обвинетата и нејзиниот соизвршител го оставиле телото во дупката, покривајќи го со ќебе.

Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и Посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице. Ваквиот предлог обвинителот го темели особено на опасноста обвинетата да се даде во бегство, соочена со кривична одговорност за тешко кривично дело, како што тоа го направил со извршителот кој се уште е недостапен на органите на прогонот. Исто така, постои основан страв дека обвинетата би можела да ја попречува кривичната постапка, да ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело“, соопштија од ОЈО.



Спонзорирани линкови

Маркетинг