Фердинанд: Азар се пресели во Реал во погрешно време

Дерби

19/09/2019

11:58

1.618

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид немаше свој ден и одигра далеку под своето ниво на дуелот со Пари Сен Жермен на отварањето на новата сезона во Лигата на шампионите.

Шпанскиот прволигаш загуби со 3-0 и сосема очекувано има многу критики како за Зинедин Зидан така и за сите негови избраниците. Во таа група секако е и Еден Азар кој според легендарниот англиски стопер Рио Фердинанд згрешил што ова лето се преселил на „Сантијаго Бернабеу“.

- Кога одите во нов клуб, особено голем како Реал Мадрид мора да го заработите правото да бидете човекот кој постојано ја добива топката. Тој треба да направи нешто на тренинг натпреварите, на натпреварите кои ги игра. Се плашам дека тој отиде во Реал во погрешно време. Ова е тим кој старее, тие не одат напред, во моментов нема искра меѓу нив. Тоа ќе влијае на него и долгорочно ќе се одрази лошо на него, - истакна Рио во својата анализа за „БТ Спорт“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг