Капитенот Ѓоргиев испрати порака по елиминацијата од ЕП

Дерби

19/09/2019

11:57

1.770

Големина на фонт

а а а

Нашите одбојкари вчера со нетрпение го очекуваа епилогот од мечот меѓу Турција и Финска каде на нас ни одговараше само една опција, победа на Турците за пласман во осминафиналето на Европското првенство.

За жал ние не го добивме резултатот што го очекувавме, Финците по една голема борба и пресврт дојдоа до славје од 3-2 и влез во втората фаза каде за противник во Нант ќе ја имаат селекцијата на Франција. Ние пак завршуваме едно ново поглавје, прв настап на ЕП и тоа со две победи во петте натпревари или вкупно шест бода што не е лошо за еден дебитант. меѓутоа и недоволно во случајот за нокаут рунда.

Сепак без разлика на се ова е едно добро искуство од кое може многу да се научи, а тоа се гледа и по пораката која ја испрати капитенот Никола Ѓоргиев.

- Благодариме луѓе, благодариме Македонија. Дојдовме, видовме, научивме. До следното лето, - напиша популарниот Кинг Нико на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг