Проблеми во Интер: Лукаку и Брозовиќ се „фатиле за гуша“ по ремито со Славија Прага

Дерби

19/09/2019

11:55

1.463

Големина на фонт

а а а

Интер одлично ја започна новата сезона во Серија А, но наместо тие партии да ги продолжи и во Лигата на шампионите тој одигра само нерешено против Славија Прага на отварањето на кампањата во елитната конкуреција.

Клубот од Милано важеше за голем фаворит, ама на крајот мораше во судиското продолжение да избегне пораз или поточно да дојде до бод со голот на Барела во оваа група во која се уште Барселона и Борусија Дортмунд. Оваа партија и ремито ги донесе првите искри во соблекувалната на „нероаѕурите“, па според медиумите малку фалело за да дојде до физичка пресметка меѓу Ромелу Луаку и Марсело Брозовиќ.

Лукаку ги обвинил соиграчите дека не покажале доволно храброст, а ова не му се допаднало на Хрватот кој имал што да каже на оваа тема, па имало жолчна вербална расправија.

Оваа вест на „Газета Дело Спорт“ доаѓа на само два дена пред дербито меѓу Милан и Интер и останува да видиме дали овие несогласувања во таборот на „нероаѕурите“ ќе имаат влијание врз играта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг