Македонија напредуваше две позиции на најновата ФИФА ранг-листа

Дерби

19/09/2019

11:53

778

Големина на фонт

а а а

Македонската фудбалска репрезентација забележа напредок на најновата ранг листа која денеска ја објави Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Нашиот националец тим освои четири од вкупно шесте бода на двата квалификациски натпревари против Израел (1-1) и Летонија (2-0), а токму овие резултати донесоа да напредуваме две позиции и сега со 1339 поени сме 69 светска фудбалска сила.

Од селекциите пак од нашата група за пласман на ЕП, највисоко рангирана е Полска на 22 место, Австрија е 27, следниот наш ривал Словенија е 58, додека пак Израел и Летонија се 86, односно на 139 позиција.

Кога е во прашање врвот Белгија и понатаму е пред сите, а во првата петка се уште Франција, Бразил, Англија и Португалија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг