Сколс: Солскјер направи една голема грешка во летниот преоден рок

Дерби

19/09/2019

11:26

845

Големина на фонт

а а а

Легендата на Манчестер Јунајтед, Полс Сколс редовно ги коментира сите случувања околу неговиот поранешен клуб кој по заминувањето на сер Алекс Фергусон е далеку од она што го посакуваат навивачите.

Се сменија неколку тренери за да сега редот му дојде на Оле Гунар Солскјер кој се обидува да остави своја трага, да изгради екипа по своја желба која ќе може да донесе радости на „Олд Трафорд“. Дали ќе успее во таа мисија ќе покаже времето, но во меѓувреме неговиот соиграч Сколс го критикуваше за еден потег во летниот преоден рок, тоа што не беше донесена замена за Ромелу Лукаку кој како што е познато се пресели во калчолигашот Интер.

- Тоа е една работа која ме разочара. Солскјер очигледно знаеше дека тие ќе го продадат Лукаку во одреден момент, ама да се нема класичен напаѓач мене ми изгледа како грешка. Што направија, без разлика дали се одолговлекуваше од гледна точка на клубот, не знам. Тие влегоа во сезоната без класичен напаѓач во клуб кој е познат по напаѓачкиот стил и имаше четири голгетери во најславните денови. Па да влеземе таму со Рашфорд и Марсијал за кои не сте сигурни дали се леви крила или напаѓачи, тоа не го знаеме. Ама сигурен сум дека ќе се среди, - истакна Сколс за „Токспорт“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг