Лажниот Ибрахимовиќ предизвикал “хаос“ во Мајами - сексапилните девојки се фотографирале со кошаркарот, а децата вриштеле поради него

Точка

19/09/2019

10:10

2.338

Големина на фонт

а а а

Кошаркарот на Баерн од Минхен, Нихад Џедовиќ, неверојатно потсетува на фудбалската ѕвезда Златан Ибрахимовиќ, а поради тоа него луѓето често го застануваат на улица и му бараат автограми и да се фотографираат со него мислејќи дека е шведскиот фудбалер.

Поради таа причина тој се согласил да биде дел од еден мал “експеримент“.

Во Америка, каде што Ибрахимовиќ е неверојатно популарен поради настапот за фудбалскиот клуб Ла Галакси, Џедовиќ ја врзал косата и се прошетал по улиците на Мајами.

Интересно, штом излегол на улица веднаш почнале да го опседнуваат навивачите. Атрактивните девојки со него правеле селфи фотографии, неговиот возач му се јавил на син му за да му се пофали “кој го вози“, а подоцна и самиот тој се фотографирал.

Сепак Џедовиќ наместо на фудбалски терен на крајот завршил на кошаркарски терен каде што заиграл баскет со локалните спортисти. И бидејќи не промашувал на младите момчиња сето тоа им било сомнително. Кошаркарските вештини го издале Џедовиќ кој на крајот и самиот кажал дека не е Ибрахимовиќ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг