Фудбалерот сака да им се оддолжи - „Ме хранеа кога немав пари“

Супермен

19/09/2019

08:39

4.785

Големина на фонт

а а а

Откако јавно заплака и покажа емоции кон својот татко кој не го познавал многу добро, а кој во видео снимката го пофали, фудбалерот Кристијано Роналдо сега сака да ги пронајде жените кои му помагале и му давале да јаде во моментите кога немал пари.

Роналдо сето тоа го открил во интервјуто за емисијата „Good Morning Britain“, па ги повикал луѓето да му помогнат да ги пронајде жените кои му помогнале да не остане гладен во моментите кога немал да си купи храна.

„Имав 12 години и немав пари. Живеев со други играчи на мои години од другите делови на Португалија. Ми беше многу тешко без семејството. Се сеќавам дека таму имаше „Мекдоналс“ од каде што добивавме остатоци од хамбургери кои не можеа да ги продадат. Во него работеше една жена, се викаше Една и уште две девојки. Се надевам дека луѓето ќе ми помогнат да ја пронајдам. Сакам да ги повикам во Лисабон и Торино на вечера и да им се оддолжам за сè она што направија за мене. Никогаш нема да ги заборавам“ - изјавил Роналдо.


Кристијано Роналдо во истото интервју се расплака откако Пирс Морган му ја покажа снимката од неговиот татко кој не го видел.

Во тоа видео неговиот татко упатуваше убави зборови кој Кристијао и кажуваше колку многу е горд на него.

Роналдо имал 20 години кога неговиот татко починал на 53 години поради откажување на џигерот предизвикано од алкохол.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk