Магично: Глетки поради кои и есента ќе сакате да ја поминете на тераса или во градина

Кармин

18/09/2019

15:27

3.648

Големина на фонт

а а а

Есен - колку магично и прекрасно годишно време! Природата во овој период од годината нѝ ги подарува своите најубави топли бои, а во нив може да уживате и на вашата тераса или градина.

Седењето на тераса или во градина најмногу го практикуваме во лето, но и есенските денови можат да се искористат за уживање на отворено.


Првата асоцијација за есен, често нѝ е враќање на ладните денови, дожд, мрачно време, но есента нѝ дава и сончеви денови, а убавината на ова годишно време може да ја видиме и во огромна палета со бои.

За во есенските денови да седите на тераса или во градината, се разбира - потребна ви е потопла облека и ќебиња, а пријатна атмосфера може да создадете и со помош на свеќи и фенери.


Богатство од жолти, црвени и кафени тонови кои на есента ѝ носат хармонична и смирувачка атмосфера, а за целосно искуство, потребна ви е добра книга или добро друштво.

Уживајте во глетките, поради кои и есента ќе сакате да ја поминете на тераса или во градина, а можеби оваа фотогалерија ќе ви помогне и сами да се инспирирате за создавање на сопствено катче за уживање во есента на отворено. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk