Дали ја има вашиот партнер? - мажите со оваа карактеристика се подобри во сексот

Кармин

18/09/2019

15:03

3.100

Големина на фонт

а а а

Многу фактори влијаат на тоа каков љубовник е мажот и дали интимниот однос ќе биде добар или лош.

Според студијата која ја објавил порталот „Socioaffective Neuroscience & Psychology“, една карактеристика укажува на тоа дали мажот би можел да биде добар љубовник. Експертите со истражување на сексуалното минато на жените, се обиделе да утврдат со какви партнери имале најдобар сексуален однос и редовно го достигнувале врвот.


Во истражувањето учествувале жени до 69 години, кои не се во врска или брак, бидејќи експертите сметаат дека жените во врска чувствуваат обврска да дадат подобра оцена за својот моментален партнер, дури и ако реално не ја заслужува.

Испитаничките во 70-минутен тест одговарале на разни прашања за својот сексуален живот, а врз основа на нивните одговори, истражувачите утврдиле дека најдобар сексуален однос имале со - хумористични мажи.

Смислата за хумор се покажала како одличен показател за сексуални вештини, бидејќи укажува дека мажот е опуштен во разни ситуации, па така и во оние интимните, што е важно за добра комуникација помеѓу партнерите, а на крајот и за добар секс.


Меѓу другите квалитети се нашла и креативноста. Мажите кои се креативни на други животни полиња, својата креативност полесно ја искажуваат и во спалната соба. Мажите со овие квалитети, покажале поголем интерес за сексуално да ги задоволат своите партнерки од мажите кои не ги поседуваат.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk