Шансите за неговото закрепнување се минимални - го повикале хрватскиот доктор со микрочипови да го спаси мозокот на Шумахер

Супермен

18/09/2019

13:33

4.520

Големина на фонт

а а а

Доктор од Хрватска сакал да се обиде со современиот метод да го разбуди германскиот возач на Формула 1. Неодамна француските медиуми пренесоа информација според која легендарниот возач на Формула1, Михаел Шумахер е свесен и дека терапијата со матичните ќелии во Париз дала позитивен резултат.

Сепак како што сега пренесуваат медиумите, приказната на хрватскиот неврохирург Дарко Чудиј кој го контактирал ОР на славниот возач за да му помогне е малку поразлична.

„Немав директен контакт со неговото семејство, но се слушнав со портпаролката на Шумахер. Слушнале за мојата работа, тоа не е некоја тајна, тие методи се претставени пред неколку години. Бевме во Њујорк и за нив знае целиот свет. На крајот не отидов да го посетам Шумахер, не знам во каква состојба е. Сè што слушнав, слушнав од медиумите. Навистина не сакам да погодувам, знам само дека тие се одлучиле за некој друг вид операција“ - изјавил хрватскиот доктор.


Идејата на докторот од Хрватска била со помош на микрочипови да му помогне на Шумахер.

Чиповите всушност се стимулатори кои можат да го “разбудат“ мозокот. На нивна примена многу се работело во Јапонија, а искуство со нив имаат и Французите.

„Да кажеме само дека шансите за закрепнување по шест години вегетативна состојба се многу мали. Требало нешто да направат во првите години по несреќата, а вака... Тешко“ - изјавил познатиот неврохирург.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk