Нови детали за „Монструм“: Миле Јанакиески откри зошто бил убиен рибарот

Точка

18/09/2019

22:04

15.905

Големина на фонт

а а а

На денешното рочиште во Основниот суд се слушаа долгоочекуваните прислушкувани разговори кои ќе се земат како докази во постапката.

На снимките од разговорите коишто обвинителката Фатиме Фетаи рече дека биле вкупно 25, може да се слушне поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески кој разговара со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Најголемо внимание привлече разговорот во кој Јанакиески вели дека рибарот од Црешево бил убиен кај Смилковското езеро само затоа што бил сведок, односно го видел убиството на децата.


Неговиот соговорник Кире Бошков го прашува „дали знае нешто за убиството на децата“, на што Јанакиевски вели дека „децата биле мирни, а рибарот бил убиен затоа што бил сведок“.

„Рафално се убиени и во глава се пукани, многу грозно. Децава не биле криминалци, туку мирни деца, а овој стариот бил убиен најверојатно ради сведок“, му вели Јанакиески на Бошков во разговорот направен на 13-ти април 2012-та година во 20:35 часот.

Во прислушуваните разговори, како што пренесува „МКД“, има и разговори помеѓу гатачката на поранешниот премиер Никола Груевски, Катерина Најденова и Ленче Самарџиска, разговор помеѓу Оливера Трајковска и Орце Камчев, Миле Јанакиески со Гордана Јанкулоска и Коце Трајановски и други.



Спонзорирани линкови

Маркетинг