Актерот дознал на најлош можен начин за разводот: Немал поим што се случува, а потоа му била соопштена суровата вистина!

Кармин

17/09/2019

20:00

5.254

Големина на фонт

а а а

Лијам Хемсворт, веста за разводот од сопругата Мајли Сајрус, ја дознал на најлош можен начин - преку социјалните мрежи! Така барем тврди непознат извор кој им се обратил на странските медиуми.

„Така е најдобро“, пишува во изјавата која нивниот ПР ја упатил до медиумите, а во продолжение вели: “Лиам и Мајли се согласија дека треба да се разделат, бидејќи за партнери и индивидуалци кои еволуираат и се менуваат - тоа е најдобро.“


Но, изгледа дека 29-годишниот актер ова не го очекувал! Кога објавила фотографија на Инстаграм каде не го носи прстенот, почнале да се шират гласини дека парот се разделува. Набрзо потоа порталите беа преплавени со фотографии на кои Мајли Сајрус ужива на одмор во Италија со Кетлин Картер, поранешната девојка на Броди Џенер. Заедно отпатувале неколку дена откако е потврдено дека Картер и Џенер исто така раскинале.

Лиам за разводот се огласи неколку дена подоцна.

„Само кратка напомена дека јас и Мајли неодамна се разделивме и не ѝ посакувам ништо освен здравје и среќа“, напиша тогаш актерот. Тој службено поднел барање за развод од пејачката, кон крајот на август, после само 8 месеци брак.

Од друга страна, Мајли јасно нагласи дека неверството не е причина за нивната разделба.


„Еднаш кога Лиам и јас се смиривме, навистина го мислев тоа и бев искрена. Овде нема скриени тајни кои треба да се откриваат. Тоа го научив од лично искуство. Не сум совршена, ниту сакам да бидам, здодевно е. Пораснав пред вас, но суштината е дека пораснав“, напишала таа.

„Можам да признаам многу работи, но одбивам да признаам дека мојот брак заврши поради неверство. Лиам и јас сме заедно една деценија. Тоа го кажав и претходно и ќе остане вистина, го сакам Лиам и секогаш ќе го сакам“, објаснила Мајли.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk