Елен Деџенерис и Бред Пит имаат иста поранешна девојка

Супермен

17/09/2019

15:27

4.811

Големина на фонт

а а а

И токму кога помисливте дека ништо од светот на шоубизнисот повеќе не може да ве изненади, се појавуваат Бред Пит и Елен Деџенерис со иста поранешна девојка!

Бред Пит бил гостин изненадување во најновата епизода на популарното шоу кое го води Елен Деџенерис. Освен што зборувале за новиот филм на актерот „Once Upon A Time In Hollywood“, се присетиле и на нивното запознавање.

„Се сеќавам дека тоа беше на забава покрај базен, која ја организираше Мелиса Етериџ, а ти, како што се сеќавам, ѝ се додворуваше на мојата девојка“, рекол Бред.

„Навистина ѝ се додворував?“, го прашала Елен низ смеа, на што актерот додал дека поради тоа се чувствувал почестено.

После тоа следел дел кој многумина ги замислил. Имено, заклучиле дека делат иста поранешна девојка.

„Некако мислам дека бев во врска со уште една твоја девојка, но за тоа ќе зборуваме подоцна“, рекла Елен.

После таа изјава многумина се запрашале за која дама станува збор, а многу фанови направиле дури и листа со нивните поранешни, но ниту една дама не се поклопила. Па така, и понатаму останува мистерија за која дама станува збор. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk