Познатата пејачка се сврши нечујно, а сега конечно откри детаљ за венчавката!

Точка

12/09/2019

20:51

7.623

Големина на фонт

а а а

Љубовниот живот на пејачката Викторија Лоба отсекогаш бил мистерија за јавноста, а кога е во прашање нејзината венчавка, неколку години наназад во медиумите кружеа разни шпекулации за нејзиниот брачен статус.

Лоба пак, како да ѝ годеше таквото нагодување, мудро си молчеше и како во турска серија, кога го добиваше прашањето дали најпосле се свршила со момчето, повторно оставаше прашалници – ниту да потврди, ниту да демантира.


Викторија Лоба се сврши. Таа тоа го потврди пред камерата на естрадниот магазин „Бекстејџ“. Нејзини избраник е бизнисменот Ѓорѓи Калешов, а венчавката ќе биде следната година.

„Со Ѓорѓи се запознавме пред пет години. Тогаш “пролета искра“ меѓу нас. Сега се надополнуваме. Ние сме како јин и јанг. Потполно различни, а сложни. Од мене тој ја учи смиреноста, а јас од него амбициозноста“, изјави своевремено Лоба за Ѓорѓи.


Досега многупати ја видовме како невеста и со свршенички прстен на раката, но само во рамките на рекламни кампањи за брендови кои ги промовира.

Со толку многу пракса која ја стекна досега, овие моменти без сомнеж ќе ги помине “како песна“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг