Влегоа на теренот за да се фотографираат со Златан, но веднаш станаа мета на исмејување

Дерби

12/09/2019

11:59

842

Големина на фонт

а а а

Тимот на Лос Анџелес Галакси гостуваше на Колорадо Рапидс и загуби со 2:1. Освен резултатот, она што ќе остане запаметено од овој натпревар е и една случка по последниот судиски свиреж.

Имено, двајца фанови од трибините скокнаа во теренот со намера да стигнат до Златан Ибрахимовиќ и можеби да се фотографираат со него. Едниот од фановите стигна, но во моментот кога дојде до Швеѓанецот се лизна и падна, па на обезбедувањето не му беше тешко да го собере и да го тргне на страна.

Вториот навивач пак беше веднаш отстранет од службите за ред на теренот, а и двајцата фанови станаа хит на социјалните мрежи.

Откако Златан „се ослободи“ од нив, од зад него му дојде еден противнички играч кој му го побара дресот…



Спонзорирани линкови

Маркетинг