После смената на Болтон, САД го менува курсот кон овие земји: Една од нив е Русија

Точка

12/09/2019

09:12

1.737

Големина на фонт

а а а

Тоа што е јасно е дека заминувањето на Џон Болтон од местото советник за национална безбедност на американскиот претседател, ќе има силно влијание на позиционирањето на американската надворешна политика во иднина.

Ненадејната смена на Џон Болтон од страна на Доналд Трамп може да се протолкува како последица на нивниот личен конфликт, но веројатно тоа е последица и на личното ривалство помеѓу Болтон и шефот на американската дипломатија, Мајк Помпео.

Тоа што сега е извесно е фактот дека заминувањето на Болтон ќе има силно влијание на надворешната политика на Соединетите Американски Држави во иднина, со посебен акцент на неколку држави.

Британски „Гардијан“ ги наведе Авганистан, Венецуела, Иран, Северна Кореја и Русија како земји кон кои Америка би можела да го смени својот курс после заминувањето на Џон Болтон.


Болтон беше познат како жесток противник на планот кој предвидуваше американските сили да го напуштат Авганистан до крајот на годината, а британскиот весник смета дека со самото тоа што Трамп се откажал од разговорите со Талибаните се приближил кон ставовите на Болтон.

Кога станува збор за Венецуела, советникот Болтон често заговараше испраќање на американската армија во оваа земја, затоа што сметаше дека со употреба на сила би можел да биде симнат од власт венецуеланскиот претседател Николас Мадуро.

Помпео, потпретседателот Мајк Пенс, но и Џон Болтон го советуваа американскиот претседател Доналд Трамп да изврши напад на Иран откако беше соборен дрон на американската морнарица над Хормушкиот теснец, но Трамп сепак во последен момент донел одлука да не се напаѓа Иран.


Сега, кога Болтон веќе не е советник за национална безбедност на Трамп, постои веројатност американскиот претседател сепак да се сретне со иранскиот претседател на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации подоцна во текот на овој месец, нешто што неодамна го најави Помпео.

Според аналитичарите, Џон Болтон не беше способен да ја гледа Русија надвор од „рамките на Студената војна“, а беше познат и како истакнат противник на политиките на Владимир Путин. Сепак, иако е јасно дека ќе се промени политиката на САД кон Русија, сепак не се очекува значително подобрување на односите помеѓу Вашингтон и Москва.

Анимозитетот на Болтон кон Северна Кореја доаѓаше до израз уште за време на неговото работење во администрацијата на Џорџ Буш помладиот, а неговата остра политика кон Пјонгјанг довела до конфликт со Доналд Трамп кој и покрај противењето на неговите советници, се залага за нормализирање на односите со Северна Кореја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг