Неверојатна сцена на автопат: Возел над „стотка“ и се шокирал кога го забележал автомобилот покрај него...

Точка

11/09/2019

16:11

5.046

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се појави снимка на која може да се види како возач на Тесла, заедно со совозачот, цврсто спијат додека автомобилот вози со брзина од околу 100 километри на час.

Човекот од другиот автомобил кој се возел веднаш до „заспаниот возач“ и го направил видеото, открива дека неколку пати свирел за да го разбуди возачот, меѓутоа тој продолжил да спие, пренесува "Huffpost".

Иако Тесла располага со софистициран автопилот, сепак од компанијата ги предупредуваат возачите да останат будни и да ги држат рацете на воланот кога е вклучена таа опција.

„Беше многу чудно. Мислев дека гледам како некој спие зад воланот, но не бев сигурен, па повторно погледнав. Тогаш забележав дека возачот дефинитивно спие. Изгледаа како да треба да одат дома и право во кревет“, изјави Дакота Рандал кој го снимил заспаниот возач во Тесла.

На веб страницата на Тесла стои дека автопилотот е наменет за внимателни возачи кои што ги имаат рацете на воланот и се подготвени да ја превземат контролата над автомобилот во било кое време. Предупредуваат дека автопилотот бара активен надзор од возачот и не значи дека возилото треба само да вози.

„Нашиот систем непрекинато потсетува дека возачите мора да останат внимателни, а употребата на автопилотот се забранува кога возачите ги игнорираат предупредувањата“, предупредуваат од Тесла.

Во последните неколку години се снимени повеќе возачи на Тесла кои што за време на возењето со вклучен автопилот спијат. Минатата седмица возач во Калифорнија удрил во пожарникарско возило затоа што неговите раце не биле на воланот и не можел веднаш да реагира, а минатата година исто така во Калифорнија, едно лице загина кога автомобилот управуван од автопилот удрил во препрека на автопат. Откриено е дека само шест секунди пред несреќата ги тргнал рацете од воланот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг