Еден од најдобрите офанзивни фудбалери од средниот ред, Кевин Де Брујн го откри името на клубот во кој сака да заигра кога ќе си замине од Манчестер Сити.
Белгискиот интернационалец истакна дека ќе се приклучи на Андерлехт, клуб кој во моментов е предводен од поранешниот капитен на „граѓаните“, Винсент Компани.
– Се надевам дека кариерата на Компани ќе биде исто толку прекрасна во Андерлехт како што беше во Сити. Му кажав да ми чува место во неговиот тим, за една година или седум, кога ќе завршам овде. Ако го направи тоа, веќе ќе ја знам мојата следна дестинација, мојата следна работа, - истакна Де Брујн.