Последниот спот на Фреди Меркјури крие тажна приказна: Пејачот тогаш изговорил 4 зборови, а смртта го спречила нареден пат да ѝ се обрати на публиката

Точка

10/09/2019

16:12

3.314

Големина на фонт

а а а

Еден од најдобрите пејачи на сите времиња, легендарниот Фреди Меркјури, пејачот на групата Queen, живеел 45 години од неговиот живот и зад себе оставил бројни незаборавни хитови кои и денес се слушаат, како што се „We are the Champions“, „We will rock you“, „Radio Gaga“, The Show must go on“, „Bohemian Rhapsody“...

Фреди починал на 24-ти ноември 1991-та година по воспаление на белите дробови, предизвикан од ХИВ вирусот. И покрај тешката болест, Меркјури не ја запоставил музиката и вредно со остатокот од групата Queen работел на создавање на нови хитови, сè до својата смрт.

Својот последен спот го снимил за песната „These Are The Days Of Our Lives“, емотивна нумера од која плачеле многу фанови. Фреди кој веќе бил тешко болен и слабо подвижен дал сè од себе за сè да биде како што треба.


Поради здравствената состојба на Фреди, спотот е снимен во црно-бела техника и тоа без Брајан Меј. Гитаристот на групата Queen во тоа време бил отсутен, поточно во САД, така што морал сам да ги снима сцените за истиот спот, а кадрите со него се додадени подоцна во спотот.

Последните зборови кои Фреди ги изговорил во екранизацијата на песната „These Are The Days Of Our Lives“ (и воедно последните зборови кажани пред камера) биле: „I still love you“, упатени до неговите фанови. Спотот бил објавен точно на неговиот последен роденден, 5-ти септември, кога Меркјури наполнил 45 години.

Песната „These Are The Days Of Our Lives“ се нашла на првото место на листите во Велика Британија, Германија и Ирска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг