Есенскиот моден тренд – носталгија за 90-тите

Точка

10/09/2019

12:37

1.507

Големина на фонт

а а а

Бидете свои при дегустација на трендот, сепак стилот нема на себе временски трагови-порачува модната дизајнерка Ивана Кнез. Толку многу различни стилови, а се во знакот на притаената авангарда – објаснува модниот новинар, критичар и дизајнер Небојша Толевски за есенскиот моден тренд. Во едно се согласни дека има навраќање на 90-тите.

Кои бои ќе доминираат оваа есен кога е во прашање модниот тренд?

Небојша Толевски: За среќа, модата е околу шест месеци пред реалниот живот, така што работите од колекцијата есен- зима се веќе во продажба. Толку многу различни стилови, а се во знакот на притаената авангарда. За да не пропуштите да носите пастелни нијанси што се идеални за летни настани на отворено (зборуваме за свадби, а не за музички фестивали), не брзајте да се облекувате во сива боја како што се приближува есента. Светли бои во есен се исто така доста соодветни. Изберете бледо розова и пробајте темно- виолетов костум. Како извор на инспирација, нека ви биде „Berluti“.

Ивана Кнез: Боите за оваа есен се неони комбинирани со темни контрасти и широки форми.


Какви материјали ќе се носат?

Небојша Толевски: Кожата ќе го одбележи есенскиот период и тоа оние ретро јакни од 90- те години.

Ивана Кнез: Во комплетен подем е носталгијата за 90-тите, па се комбинира, помеѓу суптилен минимал и oversize форми и vintage дезени со наговестување на 70-тите.


Деталите и тоа како придонесуваат во комплетниот стајлинг?

Небојша Толевски: Деталите ќе бидат во виолетова боја, посебно во делови на чантите и ракавиците, а чевлите и чизмите што помасивни, тоа подобро и помодерно.

Ивана Кнез: Модните додатоци се храбри, неочекувани, непрактични, statement Accessories се во екот на своето бидување. Бидете свои при дегустација на трендот, сепак стилот нема на себе временски трагови.


(А.В.)



Спонзорирани линкови

Маркетинг