Бекамови среќни поради раскинувањето на нивниот син со манекенката

Кармин

06/09/2019

17:17

8.152

Големина на фонт

а а а

Дејвид и Викторија Бекам се среќни поради раскинувањето на нивниот син со манекенката. Бруклин Бекам и моделот Хана Крос повеќе не се заедно.

Еден од најпопуларните британски парови, Дејвид и Викторија Бекам се убедлив синоним за романтика и љубов во светот на славните. Но, како што пренесуваат медиумите, не гаеле симпатии кон избраничката на нивниот син.

Тие рекле дека им е драго што врската на Бруклин и манекенката се распаднала, но и дека 100% се со нивниот син.  

20-годишникот почнал да се забавува со познатиот модел во декември минатата година, а за тоа дека работите биле сериозни зборува и фактот дека 22-годишната манекенка Божиќ прославила во домот на Бекамови, пренесува Дејли стар.

Откако не се заедно, Бруклин ја користи секоја прилика за да се појави во јавност и да се забавува.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk