Албанката не престанува да ја шокира јавноста: Сè уште спие со својата мајка! Рита Ора открила дека се дружи и со принцот Хари

Кармин

05/09/2019

16:20

8.226

Големина на фонт

а а а

Рита Ора за странските медиуми дала интервју во кое се задржала на тоа дека знае дека на сите им е интересна, а исто така истакнала дека многу ѝ се драги деновите кои ги поминува со својата мајка како и колку ѝ значи тоа што може да поразговара со принцот Хари.

„Луѓето сакаат да знаат сè за мојот приватен живот, а јас тоа некако го прифатив. Но тоа што го научив за љубовта е тоа што таа не ми е главен приоритет моментално. Не верувам ни дека ќе ми биде во скоро време“ - истакнала Рита.

Рита Ора кога сака, сака искрено и силно, а таа тоа го коментира вака:

„Не знам, сакам силно и се заљубувам силно, секогаш е тоа така. Моите фанови секогаш велат на Твитер: „Немој да се заљубиш толку многу овојпат. Пробај да бидеш поопуштена“. Јас се смеам кога зборувам за тоа затоа што знам дека тие се во право“.

View this post on Instagram

BTS @ronanpark ❤️

A post shared by RITA ORA (@ritaora) on

Познатата 28-годишна пејачка прозборела и за своето пријателство со Хари:

„Секојпат кога ќе се видиме се изненадувам колку добро ги памети нашите разговори кои претходно сме ги правеле. Тоа ми е чудно затоа што знам со колку луѓе се познава и колку многу разговара со тие луѓе. Но, тој секогаш се смешка и навистина те слуша кога разговараш со него“.

View this post on Instagram

❤️ @marieclaireuk

A post shared by RITA ORA (@ritaora) on

Рита во разговорот за интервјуто исто така прозборела и за односот со нејзината мајка Вера, нагласувајќи дека и понатаму понекогаш спие со неа.

„Ја молам мајка ми секогаш да биде во куќата со мене. Кога таа е тука тоа ми е потсетник дека сум сигурна и дека нема да се чувствувам како некој да ме осудува. Секогаш ја прашувам дали сака да дојде и да преспие кај мене. Затоа што некогаш навистина се чувствувам осамено. Но, и сакам кога мајка ми ми готви храна. Сакам кога ме гали и внимава на мене, дури и сега кога сум повозрасна“ - признала Албанката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk