Под фустанот “ѕирнале“ гаќичките - фотографијата на Џенифер Лопез на која изгледа како милијарда долари

Кармин

03/09/2019

16:50

10.258

Големина на фонт

а а а

Џенифер Лопез со својот вереник Алекс ужива на југот од Франција.

Жената која и во 50-те години нема апсолутно ниту една маана, прекрасната Џенифер Лопез моментално брилира со својата појава. И додека целиот свет со нетрпение го очекува новиот филм „Hustlers“ во кој таа ја толкува улогата на стриптизерка, Џеј Ло ужива со својот вереник Алекс Родригез.

Славниот пар бил на прослава на 60-от роденден на некогашната кошаркарска легенда Мајкл Џонсон кој организирал луксузна роденденска забава на југот од Франција.


Џеј Ло за оваа прилика облекла долго здолниште со точки со огромен шлиц кој откривал сè до нејзината половина, а во горниот дел имала облечено топ маичка со долги ракави.

Малкумина останале рамнодушни на нејзините стомачки мускули, на кои веќе навикнавме. А кога дувнал ветрот...


Додека слегувала од јахтата, здолништето ги открило нејзините извајани нозе, а фото-репортерите овој момент со задоволство го забележале.

На крајот може да кажеме дека се видело и сè, но и ништо бидејќи Џеј Ло носела гаќички со боја на кожа. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk