Светот и понатаму зборува за најхрабриот фустан на филмскиот фестивал во Венеција оваа година, кој го носеше манекенката и инфлуенсерка Џесика Гојкочеa уште пред 4 дена.
И покрај тоа што во наредните денови, на црвениот тепих прошетале далеку попознати дами, тие останале во сенка од нејзината тоалета.
Убавата Шпанка пристигнала на премиерата на филмот “An Officer and a Spy” на Роман Полански во раскошна црна креација од сатен со длабоко деколте, но она што најмногу привлекло внимание бил безобразно длабокиот шлиц.
Шлицот ги откривал витките, затегнати нозе на Џесика, но и мал дел од меѓуножјето. Таа била во друштво на пријателот Ривер Випери кој се трудел сè да остане на свое место и често проверувал дали нејзиниот фустан се поместил, а кога проценувал дека работите излегуваат од контрола – не бил мрзелив сè да врати во прифатлива состојба.
Атрактивната русокоса ја искомбинирала оваа креација со вртоглави високи потпетици со потпис на Кристијан Луботин, а модните критичари немаат усогласен став – додека некои тврдат дека ова е потег на годината, другите се уверени дека најстариот филмски фестивал на светот не е место за ваквите модни перформанси.