Славната манекенка модната незгода на црвениот тепих ја реши како вистинска професионалка

Кармин

30/08/2019

14:12

9.249

Големина на фонт

а а а

Откако на првиот ден од Филмскиот фестивал во Венеција помина низ црвениот тепих во црвена тоалета со предизвикувачки изрези, шведската манекенка и ангел на Викторија Сикрет, Елса Хоск продолжи со своите одлични модни изданија.

На премиерата на филмот „Marriage Story“, се појави во гламурозна златно-црна тоалета без раменици и висок изрез на свилениот долен дел, која ја потпишува модната куќа „Etro“. На нозете носела класични црни салонки со шпиц, а изгледот го надополнила со раскошни златни обетки, кои ѝ направиле мал проблем.


Додека им позирала на фотографите, една од обетките ѝ паднала на под, но манекенката не дозволила таа мала незгода да направи поголем проблем.

Се наведнала по обетката со насмевка на лицето, ја вратила на место и се кренала како ништо да не се случило. Вистинска професионалка!


Во нејзина одбрана, обетките навистина изгледале тешко и ваква незгода би можела да му се случи секому, но се сомневаме дека секој би можел вака професионално да се справи со тоа како неа. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk