Популарниот музичар заминува во пензија: Светот е во шок, а таа е главниот “виновник“ за сè!

Кармин

28/08/2019

17:21

10.306

Големина на фонт

а а а

Популарниот пејач, Ед Ширан (28), одлучил да се повлече во привремена пензија, откако во музичката индустрија заработи вистинско богатство.

Ширан оваа година се појави на 17-то место на листата на најбогати британски музичари, а на последниот настан на турнејата, рече дека се повлекува за да може повеќе време да помине со сопругата Чери Сиборн.


„Како што знаете, или не знаете, последните две години сум на турнеја и ова е последен ден од целата таа приказна. Има тука нешто горко-слатко. Сакам што вие луѓето (публиката) сте тука, но ова е мојот последен настап за следните минимум 18 месеци“, рече Ширан.

Тој напоменал дека во изминатите 2 години пеел пред 9 милиони луѓе. Задржувајќи ги солзите, Ширан на последниот концерт им се заблагодари на сите и им рече: „Се гледаме за неколку години“.


Ширан се венчаше во тајност во 2018-та година, а Чери е неговата љубов од детството. Неодамна рече дека планира семејство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk