Меган после венчавката имала само една желба, а кралицата одбила да ѝ ја исполни

Кармин

27/08/2019

15:36

10.735

Големина на фонт

а а а

Кралицата Елизабета многу ја сака Меган Маркл и немало проблеми кога требала да му даде дозвола на принцот Хари да се венча со неа.

Двете дами имаат многу заеднички теми, а кралицата често му излегувала во пресрет на Хари и му исполнувала желби. Сепак, после венчавката во Виндзор минатата година, Меган имала само една желба која кралицата не сакала да ја исполни.


Според пишувањата на „Daily Mirror“, Меган после венчавката сакала таа и Хари да се вселат во дворецот Виндзор. Во дворецот имало многу празни станови кои ѝ се допаднале на актерката, но бабата на Хари сепак го одбила тој предлог, бидејќи сметала дека не е во ред тие двајца да живеат во дворецот.

Наместо стан во Виндзор, кралицата им ја дала резиденцијта „Frogmore Cottage“, куќа во близина на Виндзор.


За реновирање на куќата, Меган и Хари потрошиле повеќе од два милиони фунти, а сето тоа го платиле даночните обврзници.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk