Влезе во историјата: Неговите снимки на Јутјуб ги гледаат повеќе од 100 милиони луѓе

Супермен

27/08/2019

12:12

5.741

Големина на фонт

а а а

Феликс “PewDiePie” Кјелберг направи нешто што пред неколку години беше потполно незамисливо – стана првиот индивидуален креатор кој собрал 100 милиони претплатници на својот канал.

Всушност, откако тоа се случи пред помалку од два дена, веројатно најпознатиот Јутјубер веќе собрал и повеќе од 360 илјади нови претплатници, што значи дека неговите објави на популарниот сервис го следат повеќе од 100 милиони и 360 илјади луѓе. 

“PewDiePie” ја изгуби трката до 100 милиони претплатници од индискиот музички канал “T-Series” кој моментално го следат 109 милиони луѓе, но кога станува збор за индивидуални креатори на содржини, никој не му е ни близу.

На третото место на Јутјуб зад него и каналот “T-Series” е каналот “5-Minute Crafts” со повеќе од 60 милиони претплатници.

Оваа недела, Јутјуберот ја ожени долгогодишната девојка и поранешна Јутјуберка Марсија Бисогнин, а видеото од нивната размена на завети е моментално на второто место по популарност на сајтот.

На изненадување на многумина, и самиот Јутјуб му честиташе на Феликс на неговиот успех.

Инаку, “PewDiePie” и Јутјуб имаат, благо речено, комплицирана историја, пишува Форбс. Тој е далеку најпопуларниот автор на платформата, но зад себе има бројни контроверзии, како онаа во која во текот на еден стрим изговори расистички збор. Освен тоа, многу негативно влијание привлече и кога на шега му плати на маж преку “Fiverr” да држи знак со антисемитистичка порака, поради што заврши во конфликт и со Гугл.

Но, во последно време Феликс им се враќа на своите корени, кога пред сè се идентификуваше како гејмер. Во последните два месеци објавува практично (со по некој исклучок) само снимки од “Minecraft”, а повторната популарност на играта делумно ја припишуваат токму на него.

Форбс минатата година ја процени неговата заработка на 15,5 милиони долари, а за време на настанување на тој напис, “PewDiePie” имаше “само” 72,5 милиони претплатници, што дополнително го докажува брзиот раст.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk