Роналдо немаше свој ден, Кјелини му обезбеди стартна победа на Јувентус

Дерби

24/08/2019

20:28

1.418

Големина на фонт

а а а

Јувентус ја стартуваше со победа новата натпреварувачка сезона во Серија А, откако ова попладне во еден прилично скромен меч победи на гостувањето кај Парма со минимални 0:1.

Дефинитивно најдобар дел од средбата беше првото полувреме во кое Јувентус делуваше доста динамично, а во овој период го видовме и единствениот гол кој се покажа како клучен за освојување на првите три бода. Погодокот беше дело на Џорџо Кјелини кој умешно реагираше по еден лош удар на Сандро, додека свој ден ова попладне немаше Кристијано Роналдо кој не реализираше две добри шанси, а потоа му беше поништен и гол поради офсајд ситуација.

Второто полувреме беше далеку поскромно и Јувентус во свој стил го одбрани резултатот, па така одбраната на титулата во Калчолигата ја започна со миниманелн триумф.



Спонзорирани линкови

Маркетинг