Јунаците од филмот Хари Потер блескаат заедно: Ема Вотсон и Том Фелтон се заедно?

Точка

24/08/2019

16:16

5.280

Големина на фонт

а а а

Ема Вотсон и Том Фелтон се во љубовна врска, а популарниот Драко Мелфој ги изненадил фановите објавувајќи заедничка фотографија на социјалните мрежи.

Се зборува дека ѕвездите од филмот Хари Потер се во љубов, а многумина веќе ги споредуваат со Лејди Гага и Бредли Купер и се прашуваат што чекаат – зошто не се венчаат.


Ема и Том заедно поминале мини-одмор во Јужна Африка, а Фелтон на Инстаграм споделил заедничка фотографија на која двајцата се во пижами, додека ја учи Ема да свири на гитара.

Вотсон исто така споделила некој дел од нивниот заеднички одмор. Таа на “Инста-стори“ објавила фотографија на која Том носи градник на плажа, и напишала „жените тоа го прават подобро“.


Актерите не се огласиле на оваа тема, а секогаш истакнуваа дека се само пријатели, иако Ема претходно изјави дека за време на снимањето на Хари Потер имала симпатии кон Фелтон.

Ова не е првпат медиумите да ги поврзуваат, но фановите се сигурни дека меѓу нив постои страст.




Спонзорирани линкови

Маркетинг