Се продава моќната лимузина на Путин: "Aurus" го воодушевил светот на инаугурацијата на рускиот претседател, цената е ситница, а еве кои се главни купувачи

Точка

24/08/2019

15:42

4.258

Големина на фонт

а а а

Руската компанија "Aurus", првиот руски ултралуксузен автомобилски бренд, отворила изложбено-продажен салон во Москва.

Во салонот потенцијалните купувачи може да се запознаат со моделот "Senat", кој има мотор од осум цилиндри и две турбини, како и погон на сите четири тркала. 

Целната група на купувачи на "Aurus", чија цена е 274.000 долари, во главно се клиенти од Северна Африка и Блискиот исток, но наменета е и за европски и кинески купци.

"Очекуваме сличен салон да биде отворен во Кина во 2020-та или 2021-ва година", рекол рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров во текот на церемонијата на отворањето на салонот во Москва.

Директорот на брендот "Aurus", Адил Ширинов, изјавил дека не се планира малопродажба на тие автомобили во 2019-та година, но дека ќе биде можно автомобилот да погледне и да се нарача.

Проектот "Kortez" опфаќа луксузни автомобили за највисоки државници и во него спаѓаат лимузина, седан, миниван и теренец.

Со проектот раководи Државниот истражувачки институт за автомобили, со партнерство со групата "Solers" и странски партнери. Русија во проектот вложила 189 милиони долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг