Заев ќе тужи за клевета по објавата на записникот за случајот „Рекет“

Макфакс

24/08/2019

14:26

3.404

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев денеска oд Прилеп најави тужба за клевета, повикувајќи го обвинителството да ја потврди веродостојноста на записникот кој се споменува во дел од медиумите, а е поврзан со случајот „Рекет“.

„Прво, ја повикувам јавната обвинителка да ја потврди веродостојноста на записникот што е направен и чесно е да каже дали е тоа така кажано. Второ, секако дека ќе тужиме, зашто тоа не е точно. Неколку пати, јас отфрлав каква било поврзаност со Боки 13, Бојан Јованоски, врзана со случајот „Рекет“ и до ден-денеска стојам на тие ставови“, рече Заев.

Премиерот додаде дека е обврска на Обвинителството да објави јавно дали тоа така било кажано, бидејќи објавена е само една страница од записникот, а останатиот дел се прераскажува што, како што вели Заев, претставува сериозна манипулација.

„Секогаш сакам да ги охрабрам новинарите да истражуваат, да доловат сѐ што е важно за јавноста, но да прават манипулации, за тоа има одговорност. Јас лично, а верувам заедно со мене Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Фросина Ременски, сите што сме споменати. Ќе ги повикам заедно со мене да поднесат тужба за клевета и таму да ги отвориме документите и на јавноста да ѝ докажеме дека лаже новинарот кој го лиферува ваквиот запис“, рече Заев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг