Не се откажуваат од Гренланд: По дипломатскиот спор на Трамп со Данска, САД сакаат да отворат конзулат на овој остров

Точка

24/08/2019

13:02

2.841

Големина на фонт

а а а

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да отвори американски конзулат на Гренланд, насред се поголемиот стратешки и економски интерес за таа данска територија.

Во писмото кое Стејт департментот го пратил до Конгресот, основањето на конзулат во Нууку е дел од планот на американската надворешна политика да се зголеми присуството на Арктикот, пренесува "AP". 

"САД" имаат стратешки интерес за унапредување на политичките, економски и комерцијални односи ширум арктичкиот регион" се наведува во писмото пратено до конгресниот одбор за надворешни работи.

Како што се наведува, постојано дипломатско присуство би овозможило САД да ги заштити основните капитални единици на Гренланд и истовремено да развие подлабоки односи со гренландските власти.

Во писмото се наведува дека конзулатот ќе биде "клучен компонент за напорите на САД да го зголемат американското присуство на Арктикот и дека ќе послужат како ефикасна платформа за унапредување на американските интереси на Гренланд".

Трамп минатата недела предизвикал дипломатски спор со Данска, откако предложил САД да го купат Гренланд, што данската влада го одбила.

САД отвориле конзулат на Гренланд во 1940-та година по нацистичката окупација на Данска, а бил затворен во 1953-та година. Новиот конзулат бил отворен во 1954-та година во престолнината на Гренланд.

Стејт департментот навел дека веќе одредил службеници од американската амбасада во Копенхаген, а сега планира да вработи и локален персонал на Гренланд до есен.




Спонзорирани линкови

Маркетинг