Првпат во последните 14 години, организирана е нуркачка мисија кон остатоците од бродот Титаник кој повеќе од 100 години лежи на дното на Алтантикот.
Нуркачите откриле дека поради силните океански струи, корозијата од солта и бактериите која го разградува железото, остатоците од бродот Титаник исчезнуваат.
Најголемо пропаѓање забележано е на бочните страни каде што се наоѓале офицерските кабини.
„Капетановата када за капење која јасно се гледала, една од најдрагите слики на ентузијастите сега повеќе не е таму“ – изјавил историчарот Паркс Стефенсон специјализиран за Титаник.
Atlantic Productions are pleased to announce they have recorded the first ever 4K images of RMS Titanic for a new Documentary. The images reveal the state of the wreck on the first manned dive for 14 years. #titanic pic.twitter.com/oxuEugs2N6
— Atlantic Productions (@AtlanticProds) August 21, 2019
Во текот на нуркањето истражувачите утврдиле дека на остатоците од Титаник се создадени суштества што само по себе е многу интересно затоа што станува збор за црни длабочини на кои температурите се на точка на смрзнување и ненормален притисок во кои животот сепак напредува.
„На остатоците од Титаник се наоѓаат микроби кои продираат во железото и ја ослабнуваат неговата структура... Веруваме дека тоа е најголемиот фактор за пропаѓањето на Титаник
Титаник е повеќе од 100 години на дното од морето по ударот во санта мразот на своето прво патување од Саутемптон до Њујорк во 1912-та година. На најголемиот патнички брод во тоа време животот го загубиле околи 1.500 патници.
Местото на кое што потона Титаник откриено е во 1985-та година, а една гдина подоцна организирана била првата нуркачка мисија.