“Изгледаш уморно”: Новите фотографии од вечната убавица ги разочарале фановите

Точка

23/08/2019

20:12

10.580

Големина на фонт

а а а

Убавата Енди Мекдауел прошетала низ улиците на Њујорк, а фотографиите ги разочарале нејзините фанови ширум светот бидејќи славната актерка изгледа уморно и безволно.

Но, ваквата ситуација е чудна од причина што само два дена пред овие фотографии во Њујорк, Енди била фотографирана во Лос Анџелес каде блескала на премиерата на филмот “Ready or Not”. 


Таа на премиерата носела фустан со деколте и имала широка насмевка, но во Њујорк, во црниот фустан покажала сè само не изглед на среќна жена.


Славната убавица е амбасадорка на козметичката куќа “L’Oreal Paris”, а некои од нејзините најпознати филмови се “Groundhog Day”, “Sex, Lies and Videotape”, “Four Weddings and a Funeral”, “Hudson Hawk”…

Енди инаку често зборувала на тема својот изглед, пропагирајќи природна убавина.


“Не сакам да се преправам дека сум нешто што не сум и никогаш не сум се срамела од своите години. Сакам позитивно да размислувам за тоа каде се наоѓам во секој период од својот живот. Стареењето е патување, но не можеме да го вратиме времето”, изјавила Мекдауел во минатогодишното интервју за “Vogue”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг