Славните личности го обожуваат ова кафуле кое неодамна добило ласкава титула

Точка

23/08/2019

18:47

4.068

Големина на фонт

а а а

Ако мислите дека вашиот профил изобилува со бои, размислете повторно.

Фотографиите на вашиот профил можеби се шарени и убаво уредени, но почекајте да ги видите фотографиите од кафулето “Speedos”.  

Ги има околу 50 ширум светот, од Истанбул до Милано, а магазинот “Big Seven Travel” го именувал за “најинстаграмски” поради фотографиите од храната и пијалоците во прекрасни бои. “Speedos” се наоѓа на сиднејската плажа Бонди, а името го добил по австралискиот бенд и моментално има околу 44 илјади следбеници на Инстаграм.

Во кафулето можете да порачате и храна, а нивните специјалитети се јајца Бенедикт, карамелизирани банани и вегански чиа палачинки.

Доколку “фрлите око” на фотографиите на нивниот профил, ќе забележите зошто токму “Speedos” е добитник на оваа привлечна титула – шаренилото на фотографиите со сигурност ќе ве воодушеви. Познатиот магазин додал и дека во кафулето се служи најубавата храна која некогаш сте ја виделе и дека на менито се наоѓа храна во сите бои на виножитото.

Ова кафуле е омилено и помеѓу познатите личности, па така Хју Џекмен на својот профил објавил фотографија на која се гледа како пие смути во “Speedos”.

Ова се 10-те “најинстаграмски” кафулиња во светот:

1. Speedos – Сиднеј, Австралија

2. EL&N – Лондон, Англија

3. Alfred Coffee – Лос Анџелес, Америка

4. Note Coffee – Ханој, Виетнам

5. Mad Pops – Бали, Индонезија

6. Pietro Nolita – Њујорк, Америка

7. Tanias Teahouse – Дубаи, Обединети Арапски Емирати

8. FIKA – Торонто, Канада

9. Kafe Utu – Сингапур, Сингапур

10. Blue Whale Cafe – Бангкок, Тајланд



Спонзорирани линкови

Маркетинг