YouTube против Кина: Блокирани се 210 канали...

Точка

23/08/2019

15:58

1.630

Големина на фонт

а а а

Американската компанија Google во чија што сопственост е YouTube објави дека нивниот видео сервис блокирал 210 канали кои што работеле координирано во врска со протестите во Хонг Конг.

Овој потег доаѓа неколку дена подоцна откако Twitter и Facebook наведоа дека откриле кампања на социјалните мрежи за кои што тврдат дека потекнува од Кина. Тие открија дека биле блокирани повеќе профили и групи кои што објавувале содржини со цел да ги поткопаат продемократските протести во Хонг Конг.

„Ова откритие е во склад со неодамнешните акции на Facebook и Twitter, а е во врска со Кина“, порача Шејн Хонтли, еден од шефовите за безбедност во Google.

Тој не го откри потеклото на тие канали. Портпаролката на Стејт департментотза британската новинска агенција „Ројтерс“ изјави дека САД се „длабоко загрижени поради настојувањата на Кина да манипулира со јавното мислење ширејќи дезинформации за ситуацијата во Хонг Конг“.


Од друга страна, портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, Женг Шуанг одби директно да даде коментар за одлуката на YouTube, но истакна дека најголема желба на кинескиот народ е да завршат насилствата во Хонг Конг.

„Желбата на 1,4 милијарди луѓе не може да се блокира или контролира и секако, не може да се изгаси“, порача Шуанг пред новинарите.

Социјалните мрежи Facebook и Twitter, како и видео сервисот YouTube се блокирани во Кина, но се достапни во Хонг Конг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг