Кајли Џенер работи со полна пареа: Овој пат лансира нова мејкап колекција

Кармин

23/08/2019

14:32

1.963

Големина на фонт

а а а

Никогаш порано видените производи ја сочинуваат новата „Kylie Cosmetics Birthday“ колекцијата и ја прават уште повозбудлива.

Меѓу нив се “Jelly Kylighter“ - руменилото во форма на гел крема на база на вода кое дава суптилен засенувачки ефект во розово-златна, златна и блескава-шампањ боја, потоа “Body Glow“ - компактна пудра за целото тело, која исто така дава сјаен ефект, течен ајлајнер и прајмер за лице.


Колекцијата не би била целосна без сетови за усни, па во роденденската колекција има „Kylie“ нијанси во беж бои, три мат кармини (Money Mindset - бледа нијанса на праска, Hustle Honey - ружа и Mama Boss - жешка розова, One in a Million розов сјај за усни со златни светки, две сенки за очи, посебна палета со 16 сенки и подри со нова формула.


Новата колекција веќе на големо се распродава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk