Загинал Анџело Грубишиќ, познат како "летечкиот човек": "Тоа што сакам во животот е да летам"

Точка

23/08/2019

14:00

3.176

Големина на фонт

а а а

Британскиот инженер по астронаутика со српско потекло, професор доктор Анџело Грубишиќ, загинал при тестирање на летечко одело, кое го дизајнирал сам, јавуваат британските медиуми.

Грубишиќ настрадал во вторникот при скок од неподвижен објект, таканаречен бејс џампинг, во Саудиска Арабија, неколку недели откако Британската падобранска асоцијација го прогласила за шампион во летање во летечко одело. 

Грубишиќ го предводел дизајнерскиот тим кој работел на летечки одела на Универзитетот во Саутемптон, каде предавал астронаутика.

Претходно работел на погони за летала во Европската вселенска агенција (ЕСА) и Американската вселенска агенција (НАСА). Во 2015-та година го започнал проектот "Проект Икарус" и дизајнирал летечки одела кои рушеле рекорди, додека истовремено работел на унапредување на нивната безбедност.

Во изјавата за "BBC" неговото семејство навело дека тој го изгубил животот правејќи го тоа што најмногу го сака, да скока во летечко одело. Порачале и дека сакаат да осигурат целиот свет да дознае за неговите достигнувања и амбиции.

"Тоа што го сакам од животот е да летам, ме воодушевува митот за Икарус и тоа како за него летањето било едноставно. Би бил најсреќен кога би можеле да летаме без ништо. Тоа секако нема да се случи, но се обидуваме оперемата која ја користиме за летање да ја сведеме на минимум и тоа ме прави среќен", рекол своевремено Грубишиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг